“The Washington Post” состави листа од 23 најдобри филмови, снимени од почетокот на 2000 година.
Листата е составена со цел да се докаже дека не треба да ги цениме само “старите” филмови и дека помеѓу новите остварувања се наоѓаат вистински ремек-дела.
“Оваа листа скромно предлага да ги прошириме поимите “трајност” и “вредност” и помеѓу најдобрите филмови да ги вклучиме и филмските остварувања кои се вредни за почит иако се неодамна снимени. Понекогаш мора да се потсетиме дека филмовите кои сега ги гледаме се безвременски”, пишува во текстот.