Луна Џогани ги шокирала своите родители Анабела Атијас и Гаги Џогани кога им соопштила дека ке биде една од учесниците во Задруга 2. Луна јавно кажува дека не ја добила поддршката од своите родители а нејзинагта мајка и кажала дека нема да учествува во таа игра како минатиот пат да го изложи семејството на срам.
Популарната блогерка после излегувањето од Задруга константно беше во центарот на вниманието заради врската со оженетиот Слоба Радановиќ.
– Се случи многу брзо. Против тоа сум да се врати Луна во Задруга. Но Луна е полнолетна и таа самата си ги носи своите одлуки. Таа има голема желба да влезе бидејки смета дека не се покажала онаква како што е. Сега сака да се претстави самата себе. Јас не ја поддржувам во оваа одлука и и кажав дека овој пат ке мора да се бори сама. Јас веке нема да се огласувам во врска со Задруга 2 ниту ќе бидам дел од тоа. Секако дека секогаш ке бидам до своите деца, но ова не го поддржувам изјавила Анабела за српски Курир.
Луна по излегувањето од Задругата по многу пати кажувала дека нема да влегува во ријалити но се предомислила и затоа има добра причина.
– Сите ке речат дека сум луда а и сум луда ! Се уште не сум оздравена од првата Задруга и морам да признаам дека многу размислував за оваа понуда. Сватив дека не го завршив она што го почнав и дека имам уште многу да покажам на гледачите да ја видат правата Луна, а не Луна која по цел ден спиеше, плачеше и се караше. Луна потенцираше дека нема поддршка од своите родители.