Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“, каде што готвачите Марк и Никола подготвуваат разни специјалитети со намирници кои ги донеле натпреварувачите.
Меѓутоа, во текот на летниот период, водителката како и нејзините соработници, Марк и Никола се одмараат и ги полнат батериите за новата сезона.
Така, Марк на својот Фејсбук се пофали како се одмара ова лето, па објави и фотографија на која е со сопругата Василка.
Сопружниците во костим за капење се опуштија во базен, а Марк напиша:
„И ние малку да се освежиме…Пријатен ден на сите“, напиша готвачот.
Марк и Василка се во брак неколку години, а заедно имаат две деца.