За петтиот ден, понеделник, Македокс – Фестивалот за креативни документарни филмови „Македокс“ ја најавува „Грејс Џоунс:ЛАЈТ-ШОУ И ЛЕБ“ во режија и по сценарио на Софи Фиенес, во 23 часот во Куршумли ан.
„Поголема од животот, дива, морничава, андрогина или со два збора Грејс Џоунс. Но преку филмските кадри ѕиркаме зад култната маска и ја запознаваме и како љубовница, ќерка, мајка, сестра, па дури и баба. Водејќи нè на патување низ својата родна Јамајка, заедно со син ѝ Паоло и внука ѝ Шантал, филмот ни открива една досега непозната Џоунс, некој што нè потсетува каков може да биде животот кога човек ќе се осмели вистински да го живее. Се чини дека ѝ нема рамен, па сепак Грејс Џоунс е и некој со кого можеме да се поистоветиме: таа е исклучокот што го потврдува правилото“, стои во краткиот синопсис за филмот.
Пред филмот за Грејс Џоунс, е најавена проекцијата на дванаесетминутниот „Вo срцето на Вивиен Готје“
Македокс денеска започнува во 18 часот, со проекција на „Прастари шуми“, во Музејот на современа уметност.
Програмата потоа продолжува пред Куршумли ан, во 20:30 часот со полските филмови „Даниел“, „Жаланаш Пустиот брег“ и „Сонот на Леокадија“. Во 21:00 часое е најавен краткиот докуметарец „Среќни денеска“, по што следи „Мажи играчи“.
Во 22:30 ќе се проектираат деветминутниот „Крем за сончање“ , петнаесетминутниот „Раз, два, нула“ и краткиот „Филм за Карлос“.
извор: radiomof.mk