Над 30 ликовни уметници од земјава и повеќе европски земји земји ќе учествуваат на традиционланата Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци – Михајлово 2018“, посветена на големиот уметник Ристо Соколов Сокол од Кавадарци.

Колонијата е во организација на Домот на култура „Иван Мазов Климе“ Кавадарци, а со подршка на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Македонија. Како помагатели се јавуваат и повеќе општествено одговорни фирми од градот.

Во пресрет на колонијата вечер во 20 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Александра Димитрова од Кочани. Еден час подоцна ќе следи и официјалното отворање на Ликовната колонија.

За време на одржувањето на колонијата предвидени и се и неколку придружни уметнички настани. Во среда, на 22 август, од 20 часот, во Галерискиот простор на Музеј – Глаерија Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар.

Во петок пак, на 24 август од 12 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи ликовен перформанс со познатиот ликовен уметник од Турција – Орхан Цебраилоглу.

Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци-Михајлови 2018“ ќе биде свечено затворена в недела вечер на 26 август со изложба на реализираните ликовни дела. На колонијата годинава како учесници се јавуваат уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Велика Британија, Косово, Турција, Романија, Русија, Албанија и др. Традиционално колонијата последните години се одржува во хотел „Уни Палас 2“.

МИА