Популарната хрватска пејачка мислеше дека станува збор за уште едно обично патување, меѓутоа тоа беше вистинско изненадување за неа.
Нина Бадриќ со „катамаран“ патуваше од Хвар кон Сплит, а на истата линија патувале и патници кои ги сакаат песните на поп ѕвездата.
Патниците почнале да ја пејат нејзината песна „Дани и годиние“, а Бадриќ овој момент го сними со својот мобилен телефон и го објави на својот Инстаграм.
„Кога те снима генијална екипа на млади луѓе на катамаран Хвар – Сплит. Ми го разубавивте животот“, напиша пејчката во описот на видеото.