Јавноста во регионот отсекогаш сакала да знае кој е мажот во животот на Цеца откако остана вдовица.
Сепак, пејачката интимата ја чува за себе и ретко зборува за мажите со кои била или е во врска.
Во неодамнешно интервју за српски Информер откри зошто донела таква одлука:
Не, не се каам за нештата кои ги права. Јас сум зрела и стабилна жена која не зависи од никој. Се што правам, правам сама. И ако погрешам, ќе се сносам со последиците. Не се каам бидејќи ништо лошо не правам, едноставно не го откривам љубовниот живот. Повторувам, и кога имам некој, не се експонирам, не се фотографираме, не се појавуваме. Помалку ме боли главата, штом се вмешаат медиумите, се оди во неповрат, вели Цеца Ражнатовиќ за српскиот порал.