Радио Милева Што ќе каже „големиот брат?“

Упад во вестите на Канал 5: Водителката посака да биде презентерка!? (ФОТО)

Упад во вестите на Канал 5: Водителката посака да биде презентерка!? (ФОТО)

Вчеравечер во студиото за вести на ТВ Канал 5 се случи упад! „Неканета“ гостинка влета во студиото од каде се емитуваат вестите сакајќи да види како би изгледало кога таа би била домаќинка во централниот дневник! Не дека нема искуство со политичките содржини – напротив. Токму од таков медиум и дојде пред неполна година во Канал 5. Тоа што сега работи нешто сосема друго… е трета работа!

Арно ама, меракот е голем да се биде главен лик во, за нас веројатно покрај здравјето, „најважната работа на светот“ – вестите! Зашто во оваа земја се започнува и завршува со политиката и политичарите, па затоа и темите од утринската програма со уморните пензионери, стринките и тетките што готват, комуналните проблеми на граѓаните и останатите секојдневни маки на „социјалата“… по се изгледа на Анастасија Деа Богданоска бргу и здосадија!?

Затоа Деа реши ненаметливо да се наметне, па набрзина втрча во студиото за вести и го завзеде централното столче… Не за друго, чисто да види како ја личи! Арно ама, како што и самата забележа, во Канал 5 е тешко да направиш нешто,  а да останеш незабележан. Зашто „окото“ на „големиот брат“ постојано те следи!

Па така и шармантната Анастасија не можеше да не остане нерегистрирана! А кога веќе „влета во кадар“, реши да ги искористи своите „пет минути“. Со пар фотографијии и пост на социјалните мрежи!

„А, може и ќе менувам сктор… презентер на вести… хммм…!“ – напиша убавата Деа во статусот крај фотографијата!

Може…!? Кога можеше Љубица Бубе Јаневска од презентер на вести да биде прекомандувана во колешка на Роберт, Деа и Спенџарска како водител во утринската програма, зошто да не може и обратно!

Сепак, во кадровската политика на Канал 5,  не е наше да се мешаме! За тоа, меѓудругото плата прима… „големиот брат“!

To top