Радио Милева

Низа од честитки за Александар Белов и неговата сакана Јелена

Низа од честитки за Александар Белов и неговата сакана Јелена

Поп-пејачот Александар Белов во љубовна врска со Србинката Јелена Станковиќ е од 2013 година, а иако живеат во различна држава, нивната љубов на далечина сепак успева.

Белов во 2016 година дипломираше и полека, полека ги реди коцките од тоа да создаде живот по сопствена мерка.

Сепак, се уште не одлучил да му стави крај на ергенскиот живот и да ја побара раката на својата сакана Јелена. Имено, тој на својот Фејсбук објави нивна заедничка фотографија со која пред пријателите наведе дека им е петгодишнина од врската.

-Само е една вистинска среќа во животот… Да сакаш и да бидеш сакан… Јас ја имам таа среќа веќе 1827 дена… Ти благодарам Јелена Станоковиќ, напиша Белов.

На прв поглед кон фотографијата повеќето, а и ние помисливме дека Белов најпосле решил да се жени ама испадна нешто друго.

Пријателите и следбениците им честитаа, но му порачаа на пејачот што побрзо да ја официјализира својата голема љубов.

To top