Сите жени лудуваа за него, а тој гледаше само во неа.
Меѓутоа никој не очекуваше дека по толку многу години ќе се случи ова.
Цеца во емисии често знае да раскаже детали од приватноста, а неодамна прозбори за манекените од нејзините спотови, тема која побуди големо интересирање.
Интересен за дискусија беше Ѓорѓе Дувњак, планинарот од „Иди док си млад“ кој сега живее во Австрија, а Цеца раскажа анегдота за настапот таму.
Бев во Австрија на концерт и додека ја пеев „Иди док си млад“ препознав еден човек во првиот ред од публиката. Не можев да се концентрирам и се обидував да се сетам кој е. Не успеав во тоа, а тогаш по настапот зад грб ми пријде тој и ме потсети кој е. Никако не можев да му го запаметам ликот иако останавме во контакт, но драго ми е што се сретнавме. Тој е среќно оженет во Австрија и одлично им оди, раскажува Цеца.