Радио Милева

ФОТО: Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

ФОТО: Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни, синовите на познатите Џон и Пол од „Битлс“, објавија заедничко селфи на Инстаграм, што кај многумина ќе побуди носталгија, оти веднаш, дури и за оние кои не знаат, се препознава кој е кој.

Шон (лево) е единствено дете на Џон Ленон и Јоко Оно… Решил да ги следи стапките на неговиот татко, па така и тој денес е успешен соло музичар, како и продуцент на неколку познати локални групи, иако многу помалку познат од светски познатата „бубачка“ – Џон, пишува „Дејли Меил“.

Џејмс исто така ја докажува теоријата дека „крушката под круша паѓа“, па и тој е автор на повеќе албуми.

To top