Радио Милева

За првпат се појавија информации кои се родителите на Раста и со што се занимаваат

За првпат се појавија информации кои се родителите на Раста и со што се занимаваат

Стефан Ѓуриќ-Раста, сопругот на пејачката Ана Николиќ и рапер, во последниве години е во фокусот на јавноста поради бракот со пејачката од кој ја имаат ќерката Тара.

Но, јавноста се досега не беше запознаена со имињата и занимањето на неговите родители, мајка му Слаѓана Ѓуриќ и таткото Драго Ѓуриќ.

За неговиот приватен живот се знае доста, но малкумина знаат со што се занимаваат неговите родители.

FOTO: DAMIR DERVIŠAGIĆ

Раперот гостувајќи во една емисија, откри дека неговиот татко е првиот кој му пуштил реге музика.

-Мојот татко е првиот кој ми пушти песни од Боб Марли, а јас сфатив кои се моите интереси, кажа Раста и додаде дека неговиот татко е професор по класична германска филозофија на Филозофскиот факултет во Белград, а мајка му е професорка на Факултетот за безбедност.

To top