Марија Шерифовиќ едвај чекаше по работните обврски да побегне од Балканот и да ужива во Америка.
Познато е дека Марија таму има пријатели со кои сака да ужива, далеку од очите на јавноста.
Шерифовиќ објави фотографија во бикини покрај базен. Во раката држи цигари и чаша со шампањ, но нејзините фанови се скараа околку нејзиниот пешкир.
Некои коментираа дека Марија изгледа супер, додека пак други напишаа дека не гледаат што е супер кога пејачката е покриена со пешкир.
Инаку, Марија во саботата доаѓа во Македонија, поточно во Струмица каде што ќе настапува на „Strumica OPEN Festival“.
фото:Инстаграм