Пред извесен период македонската пејачка Дани Димитровска откри дека веќе неколку месеци води поинаков, поздрав начин на живот кога е во прашање исхраната и физичката активност.
Таа во интервју за порталот „Женски магазин“ откри дека ослабела благодарение на протеински режим и дека нема повторно да ги врати килограмите.
Имено, како минува времето Дани изгледа сосема поразлично со новиот начин на исхрана, а на новите фотографии на социјалните мрежи може да се забележи, особено во летните парчиња облека дека таа изгледа совршено.
Инаку, ова не е прв обид на Димитровска да ослаби, што и успевало и претходно, но не во константа.
Овој пат и самата вели дека е посветена на ваквиот режим кој и одговара и на животниот стил и секако на здравјето.
Дека тоа е така се гледа од надворешноста со која блеска.
Кога е музиката во прашање, Дани е актуелна со албумот „Град за љубов“, кој често го слушаме на радио станиците и телевизиите.
фото:instagram