Пред околу пет години македонската фолк пејачка Андријана Сонце беше актуелна тема во медиумите поради тоа што јавно се откажа од татко си, за кој тогаш се пишуваше дека е бизнисмен во Чешка.
-Не ми треба ни мене, ни на моите, неговото материјално богатство кога никогаш не е крај нас, сама ќе се борам низ животот како што правев и досега, гласи дел од нејзината изјава за некогашната ТВ емисија „Фаци“.
Од година на година, Андријана се појавуваше и исчезнуваше од таблоидните рубрики на домашните медиуми, секако во зависност од провокацијата и шокантните информации кои ги „сервираше“.
Извесен период буквално како да ја снема, но деновиве на изненадување се појави со жешка фотосесија за македонскиот бренд за секс и еротика „Валијант“.
„Сонце“ ја вжешти Инстаграм страницата облечена во провокативен корсет со животински принт, мрежести чорапи и драматична шминка.
Можеби одамна ја нема да запее на некој фолк фестивал или да објави песна, но затоа во „Валијант“ Андријана Сонце доминира како „Белиот леопард“ или „Златната блондинка“.