Наследничката на познатата српска двојка, Ана Николиќ и Раста, неодамна го прослави првиот роденден.
И додека посебниот ден на Тара беше резервиран за интимна прослава во кругот на семејството, Ана и Раста испланираа и голема забава неколку дена подоцна.
Тие овој ден го искористија и да ја крстат својата наследничка, а по церемонијата во црква, се упатија до еден луксузен ресторан како се беше подготвено како за свадба.
Меѓу присутните беа повеќе познати личности од српската естрада, како и Цеца Ражнатовиќ која е добра пријателка со Ана.