Радио Милева

Маестро Џорлев вака се потсети на татко му, човекот кој го научи на најважните нешта во животот, па покажа што е живот… меѓудругото (ФОТО)

Маестро Џорлев вака се потсети на татко му, човекот кој го научи на најважните нешта во животот, па покажа што е живот… меѓудругото (ФОТО)

„Татко мој, ти благодарам што ми го покажа патот на чесноста, човечноста, семејната вредност, како се сака и негува Македонската музика, да работам уште од раното детство и да се докажувам со дела… Знам дека ме гледаш некаде од горе и се гордееш како што јас се гордеам со тебе…“ – со овие зборови и ретро фотографија еден од најпознатите македонски музичари, уметници, автор и репродуктивец, виолинистот Зоран Џорлев се потсети на неговиот татко, легендата на македонската  новосоздадена фолк песна, покојниот Наско Џорлев.

Уште од дете со виолината, заедно со татко му како дел од семејниот оркестар, Зоран Џорлев повеќе од успешно ја продлжува традицијата на семејството, негувајќи ја подеднакво како класиката, така и  македонската музика воопшто… Од забавната до изворниот фолклор, никогаш не заборавајќи го оној кој е најзаслужен за она што Зоран е денес.

А дека „крвта не е вода и крушата под круша паѓа“, најдобар доказ се наследниците на едно од најпознатите македонски музички семејства: На Зоран и оној на сестра му Софче.

На една од последните постирани „морски“ фотографии до душа, музиката падна во „сенка на скарата“ на младите братучеди, освен, ако не се пеело додека се вртеле плескавиците, вешалиците, кременадлите или нешто морско… Што ли веќе било на менито на Џорлеви! Оти, покрај песната: „Е ова е живот“… меѓудругото!

 

 

To top