Името на Киа Коцкар и раперот Вук Моб се повеќе се поврзува со наводна тајна врска меѓу нив двајцата, додека тие упорно негираат, истакнувајќи дека се само пријатели и дека имаат во план снимање на дует. По се’ што се случува, сите очекуваа реакција на Слоба Радановиќ на целата оваа, наводна љубовна приказна.
Додека пејачот постојано се воздржува и одбива да коментира за неговиот наводен соперник, српските медиуми го објавија признанието на еден млад човек кој беше претставен како пријател на Радановиќ, кој истакнал дека Слоба ја коментирал оваа одлука на својата се ‘уште легална сопруга, велејќи дека Киа „спаднала од коњ на магаре“!
Не помина долго па самиот Вук да се огласи и да му возврати. Но тој беше многу подиректнен и преку социјалните мрежи испрати отворена порака до Радановиќ:
„Тоа магаре ја заштитуваше твојата сопруга овие десет дена многу повеќе отколку што тоа го правеше ти во оние десет месеци бесрамно ку*вање на национална телевизија“. Седни, молчи и покриј се со ушите“!
Сепак, раперот брзо се покаја, па за неколку минути го избриша контроверзниот пост, но… веќе беше доцна! Медиумите дојдоа до него и му го објавија!
Фото: Весна Лалиќ/Зоран Илиќ