Македонската мисица, манекенка и топ модел Емилија Розман изгледа како сирена. Тоа оддамна го има покажано и докажано. Ама сега покажа и нешто друго: колку е сакана и обожувана!
Имено, убавата Емилија доби необичен подарок, па се пофали со него. И тоа на необичен начин. Цртежот на кој е нацртана девојка во бикини како лежи на плажа, веројатно ја преставува неа. А покрај него порака, во вид на предлог: „Побарај ме“ и иницијали до неа!?
И ако погледнете на прва веднаш ќе забележите две нешта: Едни ќе помислат дека се работи за „(не)пристоен предлог“ или за некој што на симпатичен начин сакал да и пријде и да се запознае со згодната мисица, додекаа другите пак, веднаш ќе сфатат дека се работи за пријателски подарок создаден од љубов и даруван од срце за драгата личност. Особено што авторот на „уметничкото дело“ е личност од понежниот пол… Иако тоа денес, во овие „модерни“ времиња, ништо не значи!
И додека едни гледаа во постираниот цртеж и нагаѓаа за што се работи и од кого, другите, особено претставниците на посилниот пол, повеќе гледаа во позадината на цртежот, на која и тоа како има што да се види!
А како и не би, кога убавите, тенки и долги нозе се еден од заштитните телесни атрибути на манекенката… Покрај сето останато се разбира, со кое располага долгоногата убавица, од цртежот на нејзината сакана пријателка!