Мегафон Погребот закажан за денес во 18 часот

(ВИДЕО) Тешко кој ги задржа солзите: Оливер Драгојевиќ со стотина бродови испратен кон вечното почивалиште

(ВИДЕО) Тешко кој ги задржа солзите: Оливер Драгојевиќ со стотина бродови испратен кон вечното почивалиште

Сплит минатата вечер се прости од великанот на музичката сцена Оливер Драгојевиќ кој почина во неделата на 71 година.

По обредот во кругот на семејството, пријателите и соработниците, на пристаништето Фрањо Туѓман се собраа близу 10 илјади луѓе кои со молитва и песна за последен пат го испратија Оливер.

Ковчегот на Оливер Драгојевиќ го возеа на количка, а на секои триесет метри се менуваа луѓето кои одеа крај телото на починатиот. Меѓу другите беа и Џибони, Петар Грашо, Тончи Хулиќ, Тони Цетински, Горан Каран, Стјепан Хаусер, Дорис Драговиќ и членовите на групата Делфи.

Целиот пат ѕвонеа црковните ѕвона, а додека тажната поворка минуваше се слушаа и песните на Оливер кои ги пееја хорови. Во придружба на катамаранот за Корчула беа и од Хрватската воена морнарица, бродови на МУП, како и стотина бродчиња кои му оддадоа чест на легендарниот пејач.

Оливер Грагојевиќ беше еден од најпопуларните пејачи во Хрватска, но и на подрачјето на цела Југославија.

Почина во неделата во сплитската болница откако ја изгуби битката со тешката болест. Погребот е закажан за среда во 18 часот во кругот на семејството.

To top