Радио Милева

Далеку од дома доби радосна вест: Ноне пресреќна посака да прелета до Велес

Далеку од дома доби радосна вест: Ноне пресреќна посака да прелета до Велес

Поминаа неколку години откако екс-пејачката Ноне Неделковска замина да работи на брод и да патува низ светот по морски пат.

Очигледно дека оваа работа и одговара, особено што на брод ја запозна својата љубов, причина повеќе за повторно и повторно да му се враќа на морскиот живот и патот околу светот.

Но кога си далеку од дома, во случајот од родниот Велес, малку е потешко кога од дома ќе ти јават убава вест, а ти не си таму.

A post shared by Bonnie ?? (@nona.bonnie) on

Познато е дека Ноне е голем љубител на животните, кои ги има и дома, а овој пат нејзината слатка пудлица Луси се породи со нови мали и преслатки кученца.

A post shared by Bonnie ?? (@nona.bonnie) on

Ноне ги објави на Инстаграм и се пофали дека сега имаат нови членови во семејството Неделковски.

To top