По разводот од сопругот, турскиот пејач Мустафа Сандал, медиумите говореа дека Емина Јаховиќ изгубила многу килограми и се чувствувала се’ полошо, а нејзиното семејство било многу загрижено за неа, па дури и дека побарале лекарска помош за да видат што се случува со пејачката.
Сепак, се чини дека овие проблеми сега се зад неа, а Емина се свртела кон работните обврски.
Пејачката објавила видео на Инстаграм минатата ноќ што ги изненади сите нејзини фанови.
Додека ужива восвоето возење, таа се искачила на кабриолетот, пее, пушта музика и се снима! Исто така, многу е интересно дека Емина немала ниту кармин на усните, ниту шминка на лицето, ниту пак имала фризура.
Опуштна и „распуштена“, каква што никогаш јавноста претходно не ја видела… Но, што е поважно за неа, весела, распеана, насмеана и расположена… каква што оддамна не била!