Шпанското кралско семејство го започна летниот одмор во Палма де Мајорка. Традиционално, кралот Фелипе, кралицата Летиција и нивните две ќерки секоја година летуваат на ова популарно туристичко место.
На првиот ден од одморот, семејството позираше пред фоторепортерите. 45-годишната кралица носеше бел фустан од Хуго Бос, 12-годишната Леонор син летен фустан од Зара додека 11-годишната Софија беше облечена во бел фустан од Масимо Дути.
Иако често се центарот на вниманието, шпанското семејство нема проблем своите интимни и семејни моменти да ги сподели со нивните следбеници.
Традидионално секоја година летуваат на Палма де Мајорка бидејќи таму имаат и своја палата.
фото: профимедиа