Босанската пејачка Селма Бајрами на почетокот на јули наполни 38 години, а по долга пауза на музичката сцена се враќа во никогаш подобро издание.
Познато е дека Селма одвреме – навреме има обичај да ги почести своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи со по некоја жешка фотографија, па со најновата одново привлече внимание.
Таа е сликана во када полна вода, која јасно покажува дека Селма е гола, а нејзиното тело е прекриено само со тетоважи и пена.
Иако Селма изјавила дека ова е една од нејзините фотографии од раната фаза, никој не остана имун на нејзините сочни облини.
Какво тело Селма има, знаат само оние кои интимно ја познаваат и секако оние другите кои професионално со неа соработуваат на фотосесиите и видеата.