Смртта на Пол Вокер во 2013 година го трогна светот и ги скрши срцата на неговите најблиски и фановите. Ѕвездата од филмовите „Fast & Furious“ почина на 40-годишна возраст како последица на сообраќајна несреќа.
Во чест на славниот актер, снимен е документарен филм кој го следи неговиот живот и кариерата. Вчера беше објавен првиот трејлер за филмот насловен „I Am Paul Walker“, во кој се прикажани моменти од детството и младоста на Вокер, а неговите браќа, сестра и блиски соработници раскажуваат на неговиот ведар и авантуристички дух.
Погледнете го видеото кое ќе ве разнежни: