Памела Андерсон искрено прозбори за своите сексуални искуства. Оваа актерка која со години важи за секс симбол вели дека не размислува за себе и своето минато и како тоа може да влијае на неа и нејзината сегашност.
Педесетгодишната актерка на Инстаграм одговори на прашање кој еден читател на „Dazed“ и го постави во директна порака, а беше поврзано со групен секс.
„Никогаш не сум била во групен или секс со тројца. Сите љубовници беа многу љубоморни, освен еден кој сонуваше за мене и уште една друга“, напиша Памела.
Андерсон вели дека не ужива во секс без љубов и посветеност.
„Се тоа е интимност и подготвеност со некој да ги споделите своите тајни“, призна Андерсон.
Не сака мажите во нејзина близина да се чувствуват несигурно само затоа што мислат дека е нешто што не е.
„Само сакам да се држам за рака со некој додека шетаме низ улица, да се бакнувам, да сакам. Но, некои мажи се плашат да се однесуваат кон мене како со обична девојка, а јас тоа го сакам“, објаснува актерката.
Памела е во врска со тридесетгодишниот француски фудбалер Адил Рамиј.