Радио Милева

Прати поздрав од Грција: Taтјана Лазаревска се соблече во бикини во четвртата деценија од животот! (фото)

Прати поздрав од Грција: Taтјана Лазаревска се соблече во бикини во четвртата деценија од животот! (фото)

Летната сезона е полн ек, а јавните личности започнаа со летните одмори уште кон крајот на мај и почеткот на јуни.

Иако времето во нашиот крај не е баш погодено за одмор, па повеќе преовладува облачно од сончево време, тоа не ги спречува луѓето да се одморат и да ги наполнат батериите.

Македонската пејачка Татјана Лазаревска, на почетокот на летото се врати во Македонија и порача дека ќе биде тука три месеци.

По работниот период, по неколку настапи во регионот  и фотосесии, пејачката успеа да си „украде“ време и да замине на одмор.

За дестинација каде што ќе одмори ја одбра Грција и грчките плажи.

Лазаревска на социјалните мрежи се пофали со неколку фотографии од одморот, а пејачката се соблече во бикини и му се распосла на сонцето за да фати боја.

Пејачката го покажа и својот нов пријател.

За потсетување, нејзиниот Фејсбук профил беше блокиран пред неколку дена, па Татјана си отвори нов.

фото: Фејсбук/инстаграм

 

To top