Меган Мајкл му ја даде својата поддршка на принцот Хари на хуманитарниот поло натпревар организиран од организацијата „Sentebale“, на која тој е еден од основачите.
33-годишниот британски принц ќе учествува во натпреварот, а средствата ќе бидат наменети за потпомагање на деца од Африка болни од ХИВ/СИДА.
На настанот во Беркшир, 36-годишната војвотка шармираше во тексас фустан од Каролина Ерера. Својот стилски избор, Меган го надополни со обувки од брендот Aquazzura и чанта од J.Crew.
извор:фемина.мк