Радио Милева

Ниту е дома, ниту во студио: Милена Антовска после работа сака да биде на ова посебно место (фото)

Ниту е дома, ниту во студио: Милена Антовска после работа сака да биде на ова посебно место (фото)

Македонската водителка, Милена Антовска- Станковска пред една година се породи и на свет ја донесе својата ќерка Лана Марија, а по породувањето  уживаше  со нејзината најмила.

Пред повеќе од еден месец, Милена се врати на своите ангжмани пред телевизиските екрани и оние кои ја следат повторно може да ја гледаат на Сител телевизија.

Покрај работните обврски и мајчинството, Антовска наоѓа и време за себе, односно да се посвети на својот изглед и своето тело, иако по породувањето воопшто немаше вишок на килограми.

Разни третмани на лице, миникир, педикир, масажи, физички активности, здрава и правилан исхрана се само дел од активностите за разубавување на една жена.

По работните и професионалните обврски, Антовска посети салон за убавина и нега, за да се опушти и релаксира надвор од своите ангажмани.

Милена на Фејсбук сподели фотографија и се пофали дека заминала на масажа, а во описот на фотографија напиша дека освен дома, салонот за убавина е единствено моесто каде што сака да биде после работа.

фото: фејсбук

фото:инстаграм

 

To top