Популарната српска фолк ѕвезда, Рада Манојловиќ е постојано распродадена. По бројните настапи ширум регионот, згодната Рада дојде и во Македонија на концерт во туристичкиот комплекс „Бела вода“ во Струмица. Како и секогаш средена, дотерана и стокмена од глава до петици, со шминка и фризура кои ја потенцираат нејзината убавина, долгоногата Рада и овој пат блескаше. И тоа благодарение на нашиот талентиран Македонец, кому таа му го довери своето лице.
Имено, Манојловиќ соработуваше со мејк-ап артистот Тодор Тодороски од Прилеп, во чии вешти раце комплетно му го препушти своето лице.
„Соработката ја започнавме сосема спонтано. Бевме на ручек со пријатели и ми кажа дека обожава шминка, па така јас како мејк-ап артисти и открив неколку тајни за одличен изглед при настапите. Си ветивме и понатамошна соработка за сите настани во Македонија, но и во Србија“ – вели уметничкиот мејк ап артист Тодороски.