Радио Милева Се за љубов... кон парите!

Марина Перазиќ и нејзиниот екс сопруг Фирчи во „Задруга 2“: Ја малтретираше и тепаше, па таа го напушти, а сега пак ќе бидат заедно?

Марина Перазиќ и нејзиниот екс сопруг Фирчи во „Задруга 2“: Ја малтретираше и тепаше, па таа го напушти, а сега пак ќе бидат заедно?

Познатата пејачка Марина Перазиќ, вокал на некогашното електро-поп дуо „Денис и Денис“, која подоцна започна соло кариера, а потоа и да се занимава со други професии своевремено јавно проговори за тепањето  од поранешниот сопруг, ек тапанарот на ЕКВ – Иван Феце, познат како Фирчи.

Кога веќе не знаеше што да прави и како да ја избегне секојдневното злоставување, и психолошки и физички терор, Марина го напушти човекот што го сакаше и со кого има две ќерки.

Бев тивка за доброто на семејството, заради мирот во домот, за да ги зачувам своите убави заби, носот, вилицата … Кога првпат добив модринка,  се обидов да не предизвикам други, но тоа не беше така“ – ќе изјави своевремено Марина.

Она што сега е интригантно за јавноста се токму информациите дека поранешните сопружници ќе се појават во следната, втора сезона на „Задруга“, која треба да започне во септември.

Извор близок до продукцијата на телевизијата “Пинк” вели дека и со двајцата продуцентите веќе наголемо  преговараат.

И доколку тие влезат во шоуто, сигурно ќе дознаеме нешто ново од нивните животи. Само, да се надеваме дека до нов конфликт – нема да дојде!

To top