Кумановецот Дарко Спејко во 2015 година ја однесе победата во реалното шоу „Големиот брат“ и освои 100 илјади евра.
„Да бидам искрен, не ја очекував победата, потајно се надевав, но мислев дека тоа нема да се случи, изјави тогаш Дарко.
Периодов Спејко е активен поради неговата врска со згодната струмичанка Љупка Митрова со која често објавуваат провокативни фотографии и прават заеднички фотосесии.
Спејко во една прилика истакна дека добивал понуди повторно да влезе во реално шоу, но одбил.
Меѓутоа, на Инстаграм стори му поставија прашање кога повторно ќе влезе во реално шоу, Спејко одговори: наскоро.
Исто така го прашаа дали ќе влезе со неговата девојка, Спејко истакна дека заедно се посилни.
Изиминатиот период најактуелно реално шоу беше „Задруга“, која заврши пред месец дена, а од септември започнува новата сезона. Дали Дарко и Љупка ќе влезат во ова шоу останува да видиме.
фото: Принтскрин/инстаграм