Радио Милева

„Грешна сум“: Викторија Лоба откри која и е „ најслатката мака“ (фото)

„Грешна сум“: Викторија Лоба откри која и е „ најслатката мака“ (фото)

Кога станува збор за физичкиот изглед и витката линија жените најчесто се соочуваме со проблемот со вишокот на килограми и постојано „не мачи“ некој килограм плус.

Многумине не можат да одолеат на благото и слатките колачи кои токму придонесуваат за плус килограми.

Македонската пејачка Викторија Лоба,  може да се пофали со витка линија и згодно тело кое редовно го одржува.

Лоба деновиве посети еден македонски бар, па го прекрши дневното мени и јадеше десерт. Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија, а во описот напиша „Грешна сум, признавам“ во смисла дека „згрешила“ што јаде нешто калорично.

Како и да е, Лоба има одлична линија, па еден десерт нема да го наруши нејзиното витко и убаво тело.

фото:инстаграм/принтскрин

To top