Анонимната девојка Лора Брагато, студент по право, е новата секси Instagram ѕвезда во Италија.
За кратко време таа собрала околу 300.000 обожаватели на нејзиниот профил, така што на Апенините ова го нарекуваат социјален феномен, со оглед на тоа дека таа е сосема непозната за јавноста.
Не е познато за кој клуб навива, но нејзините предизвикувачки жешки фотографии во дресовите на Един Џеко (Рома), Гонзало Игуаин (Јувентус) и Мауро Икарди (Интер) привлекоа големо внимание и станаа предмет на дебатата помеѓу фудбалските навивачи на „Чизмата“. Популарните „Тифози“ во потера по неа гласно се прашуваат: За кој клуб Лора навива? За да можат да разменат дресови со неа!