Мегафон

Фестивал на културата „ДримON“ по шести пат

Фестивал на културата „ДримON“ по шести пат

Култура сега – како повик за инфраструктура, систем, елементарна кондиција за културен проток. Култура сега! За враќање на граѓанското во градот. Култура сега! – Kако упорна кукавица од стар часовник, што инсистира на право на култура до сите, ова е гласот на 6-тото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОN кој ќе се одржи од 25-29 јули, во Струга.

Гласот ќе биде артикулиран преку петдневна програма богата со книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии, изложби. Изданието се создаваше во соработка со клучните гласови од независната културна сцена, кои се заслужни за идејата да се превртат концептите на културните политики и да се постават нови постулати и стандарди насочени кон врвност, современост и европска вредност. ЈАДРО асоцијација на независната културна сцена; Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата; De:sonanz, издавачите Темплум, Три, Или- Или и фондацијата Славко Јаневски.

Фестивалот е во организација на здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга.

ПРОГРАМА:

25ти јули – среда

Учествуваме, застапуваме, менуваме

12.00 Балон Арт – детска работилница (5-9г.) со Порака Нова
13.30 Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга
14.00 Учествуваме, застапуваме, менуваме – ЈАДРО Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство.
19.00 Рок енциклопедија книжевна промоција
20.00„Ехо на слободата“ на Ана Јовковска
Книжевна промоција со издавачка куќа „Три
21.00 Ликовна изложба на Антони Мазневски
22.00 Македокс филмски маратон

26.07 ЧЕТВРТОК

Тампонирани добра

12.00„Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити (9-14г)
13.30 Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга
17.00 Архилаб – мапираме јавни простори за независната сцена
9.00 Изложба на плакати од кампањата КУЛТУРА СЕГА, – Заедничка платформа за култура – култура до сите
19.30 УНЕСКО регион -Мачкање очи/потенцијална стварност
Дебата со Aлександра Бубевска
+ Изложба на активистички плакати з.г. АКВА Струга
21.00 Бог на масакрот – театарска претстава Режија: Нела Витошевиќ
Народен Театар Штип Главна сцена – центар за култура
22. 00 Ликовна изложба на Никола Радуловиќ
22.30 I tpame-I tvrame музички концерт

27.07 ПЕТОК

Димитрие Дурацовски

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити
13.30 Вовед во театар на сенки – детска работилница (6+) со театар Сенки и облаци
17.00 Архилаб
14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував – работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам
19. 00 Малиот Принц
Претстава за деца Театар „Сенки и облаци“ Главна сцена – центар за култура
19.00 Едиција „Лифт“ книжевна промоција
20.30 Собрано творештво на Димитрие Дурацовски книжевна промоција со издавачка куќа Темплум
21.30 Инсталација – Антонио Пирковски
22.00 Linkoln letter музички концерт
22.30 Горан Трајкоски музички концерт

28.07 САБОТА

Иднината е сега

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити
17.00 Архилаб
14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував – работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам
19.30 КУЛТУРА СЕГА! Дебата со Aлександра Бубевска
21:00 Ликовна изложба на Миле Нически
22.00 MOTUS LUMINA видео арт инсталација
01.00 Shifted музички настап во соработка со Десонанц

29.07 НЕДЕЛА

Касни култура

14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував – работилница за современ танц со Александар Георгиев и Даро Бардам

17.00 ПРЕЗЕНТАЦИИ од ДримОН работилниците

– Промоција на резултатите од лабот
– Кореопрезентација
– Доделување сертификати од Детската Авантура

19.30 РОМАН НА ГОДИНАТА „Одбројување“
На Фросина Пармакоска книжевна промоција со Фондација „Славко Јаневски“
20.30 ИСЦЕЛИТЕЛ – целовечерен филм
Q/A Исцелител со режисерот Ѓорче Ставрески

23.00 ЈАДИ ПО ТРО – арт кујна со Печур и Давид

To top