Пејачката Сандра Продановиќ, попозната како Сандра – Африка и Владимир Волков уживаат во складната врска, а пејачка планира да замине од Србија за Кипар за да живее со фудбалерот.
Волков потпиша двегодишен договор за фудбалскиот клуб “Ермис” од Ларнака. Сандра, по летната турнеја, ќе ги спакува своите куфери и ќе се упати кон Кипар, но поради бизнис обврските и музичката кариера, често ќе доаѓа во Србија.
На Сандра тешко и паднала преселбата на фудбалерот, но, не се противела кога и соопштил дека заминува од Србија. Свесна е дека добил добра понуда која не може да се одбие и е подготвена да се жртвува за него. Таа сега само ќе го посетува, но наесен ќе биде друга приказна. Сепак Африка нема да дозволи нејзината кариера да трпи поради љубовта, па постојано ќе доаѓа за снимање на емисии и настапи – открива добро информиран извор.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Марко Јовановиќ/ принтскрин