Радио Милева нова тура авантура

Jелена Спенџарска – „македонско торпедо“ на Палма де Мајорка (ФОТО)

Jелена Спенџарска – „македонско торпедо“ на Палма де Мајорка (ФОТО)

Со доаѓање на топлото време и  високите температури, јавните личности се впуштија во авантури. Некои во Македонија, а некои надвор од границите на нашата територија, некои се одлучија да заминат кај некои од соседите, а некои подалеку.

По напорниот и работен период, македонската водителка Јелена Спенџарска одлучи слободното време да го искористи за да ги наполни батериите.

Јеца средината на јули го впише во својот календар како период каде што ќе одмори и ќе ужива во летните лудории и во топлото време.

Таа замина во прекрасната Шпанија, на една од најпознатите дестинации – Палма де Мајорка, па оттаму се пофали со неколку фотографии.

Спенџарска на својот Фејсбук сподели фотографии на кои е во бикини и го покажа своето згодно тело кое секогаш од одржува и внимава на својата перфектна  линија.

А со такава аеродинамика, Спенџарска одлучи да се опушти, па се впушти во нова авантура. Се нурна и заплива како вистинско торпедо. Покажа и откри се’ што знае и умее, освен едно: кој и прави друштво на познатата водителка?

фото: Фејсбук

 

To top