Мегафон

„Ко да нема утре ден“ на Магдалена Цветковска наскоро ќе го дочека својот ден

„Ко да нема утре ден“ на Магдалена Цветковска наскоро ќе го дочека својот ден

По пејачка пауза од две години и безброј напишани стихови за други изведувачи, Магдалена Цветковска – Ена ја најавува својата нова песна.

Талентираната пејачка и текстописец, деновиве сподели фотографија откривајќи ги деталите за новата тема што се очекува наскоро заедно со видеото да ја здогледа виделината на денот.

Веројатно станува збор за песна со нејзин текст, а со музика и аранжман на нејзиниот брат – хитмејкерот  Лазар Цветкоски, а сето тоа насловено „Ко да нема утре ден“.

Видеото а песната го потпишува  режисерот Даниел Јовески, а промоцијата се очекува наскоро.

To top