Радио Милева

Секојдневно имам непристојни понуди: Исповед на бившото момче на Александра Пријовиќ

Секојдневно имам непристојни понуди: Исповед на бившото момче на Александра Пријовиќ

Пејачот Љубомир Љуба Перучица веќе десет години настапува низ цела Европа, а сега откри дека често на неговите настапи му нудат разни пороци. Тој вели дека се навикнал да живее во свет на пороците, но никогаш не пробал.

„Нашиот живот е таков што на неделно ниво имаме контакти со многу луѓе. Од толкав број секогаш ќе се најде некој што ќе има „поматена свест“. Секојдневно се сретнувам со непристојни понуди, но се навикнав. Можам да кажам дека на 70% од моите настапи ми нудат да се дрогирам. Ми велат „Брате дојде малку да се поправиш“. Јас им одговарам дека не ме интеренсира и дека може да пијам нешто жестоко, а тие сами нека се поправаат, вели Љубомир.

фото: Инстаграм

Бившото момче на Александра Пријовиќ вели дека иако е во стабилна врска му се додворуваат и девојки.

„Во текот на целата кариера девојките сами ми се нудат. Без оглед на тоа дали сум бил во врска или не. Меѓутоа, научив да се борам со тоа и да ги прочитам намерите на другите, вели Љуба.

Инаку, тој ужива во врска со Катарина Колозеус поранешната водителка на „Хепи“ телевизија.

To top