Седум години по ред нејзиното забавно шоу „Се или нешто“ е едно од најгледаните на македонските ТВ екрани.
Лила Филиповска често може да ја видиме пред камерите, но во улога на водител.
Лила беше гостинка во последната емисија на првата сезона на „Вечер со Тијана“, каде што откри помалку познати детали за нејзиниот приватен живот и прозбори дека повторно би прифатила да биде нечија сопруга.
Лила зад себе има два неуспешни брака, а до неодамна истакнуваше дека не планира повторно да се мажи.
Очигледно на водителката и се промениле погледите за брачната заедница, па се предомисли и сака среќата да ја проба по трет пат, секако ако се најде кандидат.
Таа истакна дека ако некој ја побара за жена би прифатила.
„Зошто да не? Јас до пред некое време велев дека нема да се мажам. Но, трета среќа. Да ме побараше некој досега ќе бев мажена. Инаку, да би прифатила да се мажам по трет пат“ откри Лила.
Лила за себе има два брака кои завршија со развод, а од првиот брак успеа да се реализира во улога на мајка и да го има синот Филип кој денес е нејзина најголам гордост.
Инаку, деновиве Лила успешно ја заврши и седмата сезона на квизот „Се или нешто“, па сега ги полни батериите и од септември ја очекуваме со нова енергија и нови кандидати, некој да го освои милионот, а некој нејзиното срце.
фото:принтскрин/јутуб