Мегафон

И „Љубојна“ се премислија, па го откажаа настапот на „граѓанската прослава“ во Струмица

И „Љубојна“ се премислија, па го откажаа настапот на „граѓанската прослава“ во Струмица

Етно составот „Љубојна“ не дојдоа на големата граѓанска прослава за НАТО и ЕУ. На само два часа пред почетокот на концертот составот го откажа настапот во Струмица. Иако првично прифатиле да свират и пејат, бидејќи настапот бил закажан многу порано пред да знаат за каков настан се работи, откако социјалните мрежи и целокупната јавност зовре од негативни коментари за таканаречената „голема граѓанска прослава“, Вера Милошевска и екипата соопштија  дека кога веќе мора да настапат, хонорарот ќе го донираат во хуманитарни цели.

Сепак, тие се предомислиле и на два часа пред настапот истиот го откажаа. На нивно место во Струмица настапи блех оркестарот „Кочани оркестра“.

To top