Мегафон

Неколку совети како да бидете сигурни дека вашето дете ќе биде добар возач

Неколку совети како да бидете сигурни дека вашето дете ќе биде добар возач

Имајќи го во предвид фактот дека сообраќајните незгоди се водечка причина за смрт и повреди кај младите лица, родителите со право се загрижени да нивните деца, популарно наречени тинејџери, ќе бидат добри и одговорни возачи. Иако непостои апсолутн агаранција, сепак РСБСП ќе се обиде со неколку предлози да ви помогне да придонесете вашето дете да биде безбеден и одговорен возач.

  • Бидете позитивен пример од кој вашето дете треба даучи. Децата и тинејџерите најчесто и најлесно учат преку примери.
  • Студија спроведена од safekids.org покажува дека најголемо влијание врз однесувањето на тинејџерите во сообраќајот имаат нивните родители. Ако тинејџерите ги видат родителите да пишуваат пораки и да возат или да возат под влијание, ќе претпостават и ќе изградат ста вдека тоа е прифатливо однесување во возењето.

За да бидете сигурни дека вашето дете -тинејџер учи за безбедни и паметни навики, како родителт ребада се поставите з адобар и позитивен пример. Еве ги основните работи што треба секогаш да ги имате во предвид:

–              Секогаш ставај те појас – безразликаколкудалекувозите

–              Почитувајте ги правилата за ограничување н абрзината

–              Почитувајте ги сите сообраќајни знаци

–              Никогаш не возете под дејство на алкохол

–              Некористете мобилен телефон додека возите и др.

  • Поставете лични стандарди и принципи на однесување во сообраќајот и секојдневно почитувајтеги:

–              Бидете трпеливи и толерантни во сообраќајот

–              Почитувајте ги пешаците и велосипедистите

–              Бидете внимателни каде паркирате

–              Правете почести паузи за одмор кога патувате на подалечна дестинација

–              Не консумирајте храна зад воланот

–              Секогаш кога ќе седнете во возилото проверете го и наместете го ретровизорот

To top