Радио Милева

Кога ангел на „Викторија сикрет“ ќе се појави на плажа 12 дена по породување: „Ако имате нешто лошо да кажете, прво погледнете се себе“

Кога ангел на „Викторија сикрет“ ќе се појави на плажа 12 дена по породување: „Ако имате нешто лошо да кажете, прво погледнете се себе“

Ангелот на „Викторија Сикрет“ Кендис Свонпул (29) уживаше на плажа со синот, веројатно свесна за фактот дека сите очи, но и објективите се вперени во неа.

Папараците си го направија своето и кога таа ја тргна марамата, почна фотосесијата.

Кога фотографиите беа објавени почнаа и коментарите на сметка на нејзиниот изглед и прашањата како може еден супермодел да си дозволи да изгледа вака:

FOTO: PROFIMEDIA

Дека луѓето претеруваат покажува фактот дека Кендис се поради пред само две недели, па затоа таа им возврати на злите јазици:

Ова сум јас 12 дена откако се породив. Ако имате нешто лошо да ми кажете, прво погледнете се себе. Луѓето се толку крути едни кон други, а стандардите за убавината кај жените периодов се невозможни. Не ми е стам да го покажам својот стомак по бременоста, на која сум горда. Носев дете девет месеци и мислам дека заслужив да изгледам вака. Дали ви пречи што сум манекенка? И ние сме луѓе, оставете ме да уживам на плажа, порача Кендис на Инстаграм.

Инаку, по породувањето матката на жената се враќа во првобитната состојба дури по два до три месеци – за оние што не знаеја.

To top