Манекенката Цеце Орешкова се соблече во поодмината бременост. Секси црно-белите фотографии кај што позира со сопругот Кристијан Георгиев, облечена во долна облека, ги сподели на социјалните мрежи, а тие наидоа на позитивни коментари и реакции.
Убавицата и нејзиниот избраник следниот месец ќе станат родители. Полот на бебето го чуваат во строга тајност, а на вечна љубов се заколнаа во 2015 година.
Цеце не е прва меѓу домашните познати дами кои позирале со труднички стомачиња. Неодамна јавноста со слични фотки ја изненади Аделина Тахири, а пред неа го имаат направено и Миа Костова, Тамара Тодевска, Туна Сејдиу…