„Кој сака и кој е загрижен за ова што се случува со естрадата нека го шерне постов…“ Со овие зборови македонскиот музичар, гитарист и автор Стевче Грозданов, некогашниот член на дуото „Коктел“, денес на сешн супербендот „Тоа е тоа“ (во кој покрај него членуваат и Валентино Скендеровски – клавијатури, Стево Чепишевски – вокал, Љупчо Трајковски Фис – бас и Бошко Чико на тапани), поттикнат од настапите на македонската поп естрада на МАРС 2017 ја прокоментира состојбата на македонската поп сцена.
Според него, и многумина други, на домашната естрада, музика, песни, хитови, автори и изведувачи најмалку и недостасуваат… Сето друго, вклучувајќи го и односот колку го сакаме и почитуваме своето за разлика од туѓото… по се’ изгледа многу повеќе ни недостасува! Еве го неговиот пост:
„Значи вчера немав услови да отидам, а и да го гледам Радискиот фестивал МАРС, ама благодарение на Макс тв нели можам да вратам и да гледам до дури една недела наназад. Целата манифестација беше супер со оглед на условите во нашата држава. И што ке видам. Почетокот на манифестацијата беше резервирана за Ања Ветерова. Маестрална песна..ултра модерна…. Ања подржана од уште неколку танчерки изгледаа светски на сцената. И не само она….сите беа на висината на задачата….. и Сара Мејс …екстравагантна како и секогаш…. и ДНК ….имаат ли србите нешто као нив…. и Теа и Панчо ултра модерно ….и Наташа Малинкова…се спремиле девојките……
Меморија…добитниците на наградата за трајни вредности …да им се восхитуваш на истрајноста..упорноста …. заслужуваат цела Mакедонија да им се збере и метрополис…. и …. и што ке се види пред сцената? Полу празна сала…. што мy е на овој народ и држава бе алоооо… Значи ке дојде Жељко Јоксимовоќ и уште еден или двајца Жељковци има …..за Аца Лукас, Лепа Брена и Цеца да не праам муабет и ке ни ги наполнат салите ….стадионите … пивофестовите….винофестовите..и уште незнам какви не се манифестации и фестивали има по државата, а ние нашава фела со нашите уметници…музичари .. не можеме да наполниме една МОБ сала….што ни е бе народе?!
Што се случува. Нели е доста ….. време е да кажеме НЕ на сите тие увезени уметници што едвај чекаат да дојдат и да ни кажат колку добра публика сме да си ги земат големите хонорари и да си отидат …не чекајки 3-4 месеци и пак да ни дојдат.
Каже те ми кои се подобри во Србија …Хрватска или Црна Гора од Елена…Влатко…. Некст Тајм, Лоба….Ања….ДНК….Дарко Димитров ….Валентино Скендеровски….Лазе Цветковски….и кои имаат подобри песни….имаат само еден куп грчки и турски преработки на песни што ги пеат еден куп турбо и поп фолкери и се е тоа исто па исто.
Малку да се замислиме сите…од големите продукции ….. самостојните менаџери…. туристичките агенции …до државата…министерствата…радијата ….телевизиите…. општините и градоначелниците и до секоја поедина личност што всушност се случува. Нели е ова дното. Имаме ли ние некаков музички идентитет….имаме ли ние музичари …пејачи …пејачки…групи….. текстописци …. аранжери …… имаме. И тоа многу добри и тоа светски фаци. Треба ли тие да работат, да творат да имаат свирки концерти…..да заработуваат нешто и од тоа да живеат?! Нели е доста се што ке дојде од страна да биде подобро.
Секоја чест на сите…и Срби…и Хрвати…и Црногорци и Англичани и Американци…ама прво дај да си ја воздигнеме нашава естрада па после да увезуваме од страна. Редно е да ставиме прст на глава и да размислиме сите како понатака…вака не е добро…вака е поразително…чудно…болно….
Ајде да се освестиме!“
Сакале да си признаеме или не, ама… во постот на Грозданов е содржана целата вистина. Колку и да е „тажна и болна“, сепак… Тоа е тоа!