Принцот Хари и војвотката Меган се на официјална посета на Ирска. Младиот кралски пар вчера пристигна во Даблин и веднаш започна со исполнување на своите обврски.
За време на посета на стадионот „Croke Park“, 36-годишната Војвотка и 33-годишниот Принц си стекнаа сладок пријател.
Во еден момент, додека Меган гледаше настрана, 3-годишниот Волтер ја погали по косата, на што Меган му возврати со широка насмевка.
Потоа Хари со прстот божем го „искара“ неодоливо слаткото русокосо детенце…
… на што малечкиот му возврати со бакнеж и сите слатко се насмеајаа.
Оваа случка многумина ги потсети на моментот кога едно девојче му „крадеше“ на Хари од пуканките за време на Invictus Games во Канада.