Изненадувачки е како светските диви ги подигнаа стандардите за убавина, но реалноста е нешто спротивно на наведените стандарди.
Често имаме илузија за некои нешта кога е реалноста во прашање. Фотошоп е актуелен веќе со децении, а на паметните телефони има опција за обработка на фотографиите се повеќе и повеќе.
Џенифер Лопез е синоним за латинска убавина, но и нејзе како и на другите алатките за разубавување и се достапни повеќе од било кога
Имено, пејачката правеше селфи, а папарацо од страна го улови кадарот. Неспорно е дека Лопез е убава жена, но сепак обработката ја прави да биде совршена во секое време.