Ева Лонгорија очигледно ќе биде една од работните мајки кои нема да останат долго дома.
Само три недели по раѓањето, 43-годишната актерка се врати на работа. Таа објави фотографија од фото-сесијата, за која беше ангажирана, и призна дека тоа било весело жонглирање помеѓу работата и потребите на бебето.
„Прва фото-сесија по раѓањето на бебето. Јас нема да ве лажам – овој пат беше многу тешко. Да се обидувам да дојам и да работам, во согласност со режимот на Сантијаго … не е лесно“, напишала Лонгорија на сликата.