Македонска Каменица во последните години за 28-ми Август стана задолжителна дестинација што едноставно мора да се посети.
Тогаш жителите на ова рударско гратче од истокот на државата го празнуваат Денот на рударите и христијанскиот празник Голема Богородица.
По повод овој ден Општината заедно со сите културни чинители во градот организираат богата културно-забавна програма која претставува своевиден мамец за многу луѓе од поширокиот регион..

За оваа година на 28-ми Авуст најавен е настапот на хрватската и балканска музичка дива Јелена Розга како и на српскиот ска-панк-рок бенд С.А.Р.С.
Со ваква скапа и репрезентативна по квалитет музичка програма многу останати градови од Источниот регион не можат да се пофалат, што секако е благодарение на приватните спонзори кои одвојуваат значителни финансиски сретства за збогатување на културната понудаза жителите во градовите каде ги реализираат своите бизнис активности.

Покрај Македонска Каменица, слични вака поголеми настани се реализираат и во Берово и Пехчево, повторно благодарение пред се на приватните донатори.
Секако овие примери се доволен поттик за подигање на општествената одговорност на повисоко ниво и за останатите поголеми приватни компании во регионот да овозможат ваков или сличен културен благодет за нивните вработени и нивните соработници во местата каде остваруваат профит.