Светлана Цеца Ражантовиќ важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а кариерата ја започна како девојче.
Својата кариера ја започна во 1988 година, а прва нејзина песна беше „Цветак зановетак“ со која на фестивалот „Илица“ освои награда од жирито.
Со песната „То Мики“, Цеца стана фолк пејачка, а плочите се продавале во 350 000 примероци. Цеца на својот Инстаграм профил сподели фотографија од 1988 година.
„Сеќавање на 1988 година“, напиша во описот на фотографија, а ведна доби позитивни коментари.